Министерството за спорт почнува нов проект – Општина Аеродром добива нова спортска сала!

114

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и со претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, денеска го најавија стартот на проектот за изградба на нова современа спортска сала во општина Аеродром, во вредност од над 1 милион евра.

Изградбата на овој нов спортски објект ја реализираат Министерството за спорт и Владата на Република Македонија во соработка со Општина Аеродром.

-Со гордост објавуваме дека денеска беше распишан јавниот повик за изградба на спортската сала во Аеродром. Во краток период ќе биде избран економскиот изведувач и ќе започнеме со изградбата на овој значаен спортски објект – информираше министерот Борко Ристовски.

Новата сала ќе биде лоцирана зад Фудбалската федерација на Македонија и ќе содржи неколку мултифункционални спортски терени, наменети за различни спортови и активности. Со тоа, ќе се создадат современи услови за младите генерации, учениците и спортските клубови од ова подрачје да тренираат и да се развиваат во здрав дух.

-Ова е уште еден од проектите со кои го обновуваме спортскиот дух во Македонија и ја градиме современата спортска инфраструктура во сите општини, во сите градови низ цела Македонија. Нашата цел е јасна – да создадеме здрави, активни и успешни генерации – истакна Ристовски.

Министерството за спорт, во соработка со општините и спортските федерации, продолжува со инвестициите во спортската инфраструктура, кои се предуслов за долгорочен развој и поддршка на македонскиот спорт.

ПретходноРФМ ги откри потенцијалните кандидати за “лаурeатот”
СледноБорче Христов е нов тренер на Тиквеш