Претсадетелот на Фудбалската Федерација на Македонија, Масар Омерагиќ е нов член на Олимпискиот фудбалски комитет на ФИФА, кровната ветска фудбалска организација.
Овој комитет, под покровителство на Советот на ФИФА, игра клучна улога во развојот и координацијата на фудбалот во рамки на Олимписките игри и во соработката со меѓународниот олимписки комитет.
„Горд сум што ќе бидам дел од група на истакнати фудбалски претставници од целиот свет и што ќе имам можност да го претставувам македонскиот фудбал на највисоко меѓународно ниво“ – рече претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Масар Омерагиќ.










