Македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски и неговиот Тренто ја запишаа втората победа во Еврокупот, откако на гостински терен кај Паниониос славеа со 87-91.
Тимот на Јакимовски до триумфот дојде благодарение на одличната завршница и игра во последната четвртина. Тренто губеше со осум поени разлика (76-68), но не само што успеа да се врати, со четири поени во низа во самиот финиш извојува голема победа.
Јакимовски беше стрелец на осум поени и скок за нецели 22 минути во игра.
Емил Рајковиќ и неговиот Тофаш пак запишаа пораз, на домашен терен беа совладаани од Тенерифе со убедливи 64-81 за прв пораз во Лигата на шампиони.










