Вечерва на програмата беа натпревари од 7.коло во Евролигата. Панатинакос одигра добро пред своите фанови и успеа да дојде до убедлив триумф против Макаби со 99:85. Уште еднаш охриѓанецот Чеди Осман беше одличен со 20 поени за тимот од Атина.
Добра партија пружи и македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс со 13 поени и шест асистенции.
Баерн во Минхен славеше против Реал Мадрид со 90:84, со што ја продлабочи кризата на “кралевите“. Ова им беше четврти пораз во седмиот меч сезонава.
Барселона со 74:72 беше подобра од Милано, а Басконија успеа да го победи Дубаи со 92:85.










