Пред ТФТ денеска е историски меч, за првпат ќе игра меч од АБА 2- лига пред своите фанови. Противник на тимот од Тафталиџе е Војводина, дуелот се игра во 18 часот во „Кале“.
“Посебен момент за нас, за прв пат АБА натпревар пред својата публика и тоа против Војводина екипа која сигурно е еден од фаворитите за најдобар пласман во лигата. Целата припрема за ваков натпревар е нималку едноставна, секој комплимент за нивната игра и водството на тренерот Димитријевиќ, екипа кој игра модерна, несебична кошарка во сериозен ритам и трцање со доста искусни и квалитетни играчи за овој левел. Нашата шанса ја гледаме во енергетски пристап и агресивна одбрана што би довело да играме повеќе во транзиција и да се натпреваруваме со нив на отворен терен. Верувам дека ќе презентираме добра и модерна кошарка, да пробаме да го одбраниме домашниот терен“, изјави тренерот Боро Смилковски.
ТФТ оваа сезона тргна со победа над Раднички на гостински терен, додека противникот на домашен терен го победи тимот на Приморје.










