Роџерс повеќе не е менаџер на Селтик

36

Брендан Роџерс повеќе не е на чело на тимот на Селтик, откако искусниот стратег си поднесе оставка на оваа функција.

Дермот Дезмонд, човекот кој што го има најголемиот пакет акции на клубот, отворено застана против Роџерс, коментирајќи дека неговите постапки за време на летниот преоден рок, како и во периодот до сега биле во најмала рака лоши, токсични за тимот, и за атмосферата и општо земено биле погрешни.

Токму затоа Роџерс е минато во овој легенраден шкотски клуб. Моментот кој ја прели чашата е поразот од Хартс од 3:1 во домашниот шампионат.

Со ова завршува неговиот втор престој на чело на Селтик, откако го тренираше и шкотскиот клуб помеѓу 2016 и февруари 2019 година, кога замина за да го преземе Лестер Сити.

 

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ЕДУЦИРА ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ
СледноСе е подготвено за спектаклот „Легендите на сцена“!