Србија го доби наследникот на Пикси?!

197
ФОТО: Fudbalski savez Srbije/FB

Иако пред две недели кажа изрично НЕ, сепак последните нформации кои ги лиферуваат медиумите во Србија велат дека Вељко Пауновиќ, кој донеодамна беше тренер на Овиедо, ќе биде нов селектор на Србија или наследник на Драган Стојковиќ – Пикси. Останувало само уште да се договорат деталите, барем според медиумите кај нашиот северен сосед.

Што навистина се случило па да има ваков пресврт никој не знае, ама навистина е чудно.

Интересно е тоа што тој уште за времето на Пикси беше посочуван како најпосакуван човек за селектор на Србија. Тој е тренерот кој што пред една деценија и ја донесе на Србија светската титула на Мундијалот за У-20 и многумина од тие момци сега се репрезентативци.

Во случај ова да е вистина, тогаш Србија доби навистина одличен селектор.

ПретходноГолманот на Интер дел од сообраќајка со смртни последици
СледноФОТО НА КОЛОТО: Цел Работнички на гол – линија!