Македонскиот првак VC Strumica загуби со 0:3 (17:25, 17:25, 13:25 ) и на гостувањето кај Динамо Букурешт, во реванш-дуелот од првата рунда од #CLVolleyM. Четвртата сезона во најсилното европско клупско натпреварување струмичани ја завршуваат по само два натпревари.
Репрезентативците Кристијан Илиев со 12 и Филип Маџунков со 7 поени беа најефикасни во редовите на Струмица.
Нашиот шампион останува на европско тло, односно продолжува во ЦЕВ купот, каде во рамките од првото коло ќе се соочи со чешкиот претставник Јихострој Чешке Будејовице. Првиот меч Струмица го игра на гостински терен на 12 ноември, додека реваншот е една недела подоцна во Македонија.










