Струмичанец ќе биде селектор на Србија!

430
ФОТО: Veljko Paunovic Coach/FB

Како што стојат сега работите, се чини дека роден Струмичанец ќе биде селектор на Србија.

Секако дека тоа е Вељко Пауновиќ, во моментов најдобриот тренер во Србија а кој е роден во Македонија, во Струмица и тоа на 21 август 1977 година.

За тие што не знаат. Вељко е син на легендарниот Благоје Пауновиќ, некогашен фудбалер на Партизан и репрезентацијата на Македонија и најдобар пријател на нашиот легендарен голман Благој Истатов. И двајцата беа заедно во Партизан во средината на седумдесетите години на минатиот век.

Неговата мајка е Македонка. Значи Вељко половина е Македонец.

Интересно, Вељко во Струмица живеел до својата осма година, а истакнува дека го говори и македонскиот јазик.

Инаку и Вељко како и својот татко е некогашен фудбалер на Партизан, а има играно и за Мајорка, Атлетико Мадрид и уште многу други познати шпански клубови како и во Русија и САД.

Вељко до пред некоја недела беше тренер на Овиедо, а најголемиот успех досега го има кога на Србија и го донесе златото на СП У-20 во таа 2015 година.

Инаку Пауновиќ е тренер за кого цела Србија смета дека е идеалниот наследник на Пикси.

Па така, ако се биде како што треба. Струмичанец и човек кој говори македонски јазик ќе биде селектор на Србија.

ПретходноЦ. Звезда со Обрадовиќ до “пет од пет“ во Евролигата!
СледноКонечно Столе на голот, а Валенсија со пласман во 1/32 финалето во Копа Дел Реј!