ТИМ И ИГРАЧ НА 10.КОЛО: Шефити ја “скина“ мрежата на Тиквеш

46

Во силна конкуренција, сепак СпортСпорт се одлучи за играч на 10.коло да го прогласи Шефит Шефити, напаѓачот на Арсими кој среде Кавадарци на Тиквеш му даде три гола и успеа да биде главниот херој во победата од 3:4. Вардар ја победи Шкендија, Брера ја победи Струга ТЛ, но сепак Шефити е играч на колото според нас.

Во тимот на колото се и Талески, Маневски, Најдовски и Бабунски (Вардар), потоа Наумчевски, Стојанов, Тодоров и Ндзенгуе (Брера), како и Додев (Силекс) и Симоновски (Башкими).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

ШЕФИТ ШЕФИТИ

Тим: Арсими

Роден: 19.02.1998 во Тетово

Кариера: Шкендија, Ренова, Приштина, Арсими, Беса, Арсими

ПретходноОсум поени на Јакимовски во победничката драма за Тренто
СледноЦ. Звезда со Обрадовиќ до “пет од пет“ во Евролигата!