Кога ќе се победи шампионот на негов терен, кога ќе се победи по цели осум години Шкендија, кога ќе се победи во најголемото дерби во мак – фудбалот, тогаш нема дискусија кој е тренер на колото.
Повеќе од јасно е дека Гоце Седлоски, стратегот на Вардар е тренерот на ова 10.коло.
Вардар одигра паметно, мудро, знаеше што сака под Шара. Вардар одигра тактички одличноп, ги користеше слабостите и киксовите на Шкендија. Тимот на Седлоски едноставно беше и психички подготвен за ова големо дерби.
Со ова продолжува серијата без пораз на Седло на клупата на Вардар на домашна сцена и тоа од февруари. Токму Шкендија е екипата која последна славеше против Вардат пред осум месеци.
 
                














