УЕФА ја казни Шкендија со 20.000 евра!

185

Шкендија ја информира јавноста дека ја прифати одлуката на Телото за контрола, етика и дисциплина при УЕФА, во врска со истакнувањето транспаренти што не се во согласност на спортскиот дух, за време на натпреварот со ФК Шелбурн во второто коло од Конференциската лига на УЕФА, за што клубот е казнет од УЕФА.
Според оваа одлука, клубот е казнет со 20.000 евра, додека условно е казнета со делумно затворање на стадионот (сектор 11) е одлучено и за иден натпревар во европските натпреварувања каде што Шкендија ќе биде домашен терен.
Оваа мерка е суспендирана под услов слични прекршувања да не се повторат во текот на следните две години.
Како што велат тетивци, Шкендија ги почитува правилата и стандардите на УЕФА и цврсто се спротивставува на секаков облик на дискриминација или однесување што е во спротивност со духот на спортскиот дух.
Исто така се вели дека клубот ќе продолжи да соработува со навивачите и институциите за да гарантира безбедна и позитивна средина на секој натпревар, како на домашен така и на меѓународен план, и поради оваа причина се бара од навивачите да бидат коректни и да ги почитуваат правилата и прописите на натпреварувањата.

ПретходноФОТО НА КОЛОТО: Цел Работнички на гол – линија!
СледноЛиверпул со целосна поддршка за Арне Слот!