Успешна домашна премиера во АБА2-лига: ТФТ ја доби драмата со Војводина

29

Уште еден интересен натпревар одигра ТФТ во АБА2-лига. Бо премиерата на домашен терен во ова натпреварување, тимот од Тафталиџе славеше против Војводина со 75-71 (19-19, 18-20, 19-19, 19-13) за втора победа во второлигашкото јадранско друштво. Избраниците на Боро Смилковски во последната четвртина надокнадија негатива од девет поени и заслужено се радуваа на победата.

Прв стрелец беше Гордон со 20 поени, зад него беше македонскиот репрезентативец Ташовски со 18 поени, 7 скока и 5 асистенции.

Овој дуел беше доста изедначен, па победникот се решаваше во последните минути. Гостите во четвртата четвртина отворија со 7-0 за водство од девет поени 56-65, најголемо за Војводина на мечот.

Иако се чинеше дека ТФТ ќе потпадне под овој притисок, врати со серија од 11-0 за 67-65. Ташовски постигна важни поени за 69-66 на минута и пол до крајот, а потоа успеа да го натера противникот да згреши и за напад на ТФТ, кој за жал не беше искористен. Најефикасниот кошаркар во редовите на македонскиот тим, Гордон реализираше две важни слобидни фрлања за 71-67. Но, неизвесноста продолжи, гостите со брзи фаули се обидоа да дојде до пресврт. Ова заврши безуспешно.

ПретходноСтрумица со пораз и кај Динамо Букурешт ги заврши настапите во ЛШ!
СледноЗа Елмас 85.минути: Наполи со минимална победа кај Лече!