Ова коло на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, се одигра скопската пресметка меѓу Работнички и Македонија ЃП. Во еден момент, при кикс на домашната одбрана дојде до индирект за гостите, а потоа следуваше нешто што ретко се гледа на фудбалските терени, и не само во Македонија.
Имено целиот тим на Работнички, сите единаесет играчи застанаа на гол – линијата со цел да се одбраната од индиректниот удар од страна на “Лавовите“.
И успеаја во тоа, Работнички не прими гол, а на крајот резултатот гласеше 0:0.















