Ц. Звезда со Обрадовиќ до “пет од пет“ во Евролигата!

68
ФОТО: KK Crvena zvezda/FB

Тоа е тоа. Тоа е кога на клупата ќе имаш одличен стратег и затоа ќе имаш “пет од пет“ во Евролигата. Се разбира дека мислиме на Ц. Звезда која со доаѓањето на клупата на Саша Обрадовиќ просто си “гази“ во Евролигата. Така беше и вечерва во преполната Арена во Белград во меч во кој Асвел беше декласиран, просто згазен и резултатски и играчки, а на крајот резултатот гласеше 79:65. И ако не беше она опуштање во последната четвртина, ќе беше се идеално за составот на Обрадовиќ.

Кога сме кај поентерите Монеке со 24 поени блескаше како по обичај.

Во вториот меч од терминот од 19 часот составот на Жалгирис и повеќе од убедливо славеше против Виртус со 86:65.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 10.КОЛО: Шефити ја “скина“ мрежата на Тиквеш
СледноСтрумичанец ќе биде селектор на Србија!