Конечно Столе на голот, а Валенсија со пласман во 1/32 финалето во Копа Дел Реј!

175
ФОТО: Valencia C.F/FB

Конечно. По цели осум месеци нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски не само што беше стартер, туку беше и во текот на целиот меч на голот на Валенсија на еден официјален меч.

Вечерва во натпревар од 1/64 финалето на Копа Дел Реј, македоснскиот репрезентативен голман доби шанса да брани на голот на Валенсија на гостувањето кај нисколигашот Марачена.

Откако по првиот дел беше 0:0, во вториот дел тимот од “Местаља“ постигна пет голови и со конечни 0:5 успеа да избори пласман во следната рунда во ова натпреварување во Шпанија.

ПретходноСтрумичанец ќе биде селектор на Србија!
СледноАл Наср елиминиран во Кинг Купот: Епско промашување на Роналдо! (ВИДЕО)