Лазаров: Мора да го следиме трендот на брза игра, Јапонија е противник по мерка

89

Македонската ракометна репрезентација се подготвува за двата пријателски натпревари против Јапонија, кои се дел од мисијата Европско првенство 2026 година. Селекторот Кирил Лазаров и неговите момци за противник имааат тим кој игра брз ракомет, нешто на што цели нашиот национален тим.

Првиот меч се игра во салата Автокоманда на 30 овој месец и ќе биде од затворен тип, додека вториот е закажан за 1. ноември во салата во Куманово и ќе биде отворен за јавноста.

Лазаров на собирот откри дека натпреварите со Јапонија биле договорени уште летоска и ќе бидат вистинска шанса за проверка новите млади сили и подобрување на одредени сегменти во играта.

„Натпреварот со Јапонија го договоривме уште во текот на летото. Тони Џирона е селектор на оваа селекција, која негува брз, динамичен и интересен стил на игра. Овие два меча ќе ги искористиме за пробување нови варијанти и подобрување на одредени сегменти во нашата игра. Имаме добра можност за подобрување на некои варијанти во играта, кои можеме понатаму да ги искористиме на големите натпреварувања. Јапонија е противник по мерка за нас, знаеме на што треба да внимаваме против нив.

Тие се брза и тркачка репрезентација која учествуваше на Олимписките игри. Тоа е сериозно ниво. Ние треба да го следиме трендот на брза игра и да се адаптираме на новините во светскиот ракомет. Ќе им дадеме шанса на некои помлади играчи со голем потенцијал. Максимално ќе ги искористиме овие 5-6 дена, ќе одработиме пет тренинзи со полесен интензитет. Ќе се фокусираме на детали што можат да ни бидат од корист во иднина“, изјави Лазаров. 

Македонија на ЕП 2026 година ќе игра против Данска, Португалија и Романија.

 

ПретходноБуфон: Јувентус ретко ќе губи со Спалети
СледноСтавот на Чаби Алонсо го турка Винисиус кон излезната врата на „Сантијаго Бернабеу“