Чудесниот Јокиќ доминира, НБА памети само два такви примери (ВИДЕО)

110
Фото: Денвер Твитер

Денвер славеше против Минесота на гостински со 127-114, а во центарот на вниманието се најдоа Џамал Мареј, кој постигна 43 поени (23 во третата четвртина) и Никола Јокиќ кој запиша нов трипл-дабл.

Српскиот центар го заврши натпреварот со 25 поени, 19 скока и 10 асистенции. Тој го одигра натпреварот речиси совршено, шутирајќи 9/10 од поле и 7/7 од линијата за слободни фрлања. Тој исто така имаше три изгубени топки, но и две украдени и една блокада. Тој стана само третиот играч во историјата на НБА што постигнал трипл-дабл број во првите три натпревари.

Српскиот центар на Денвер обезбеди трипл-дабл со асистенција за забивањето на Вотсон на една минута и 38 секунди до крајот, приклучувајќи им се на Оскар Робертсон и Расел Вестбрук како единствени играчи во историјата на НБА што отвориле сезона со три последователни трипл-дабл.

Тим Хардавеј Јуниор додаде 20 поени од клупата во победата на Нагетси. МекДениелс ја предводеше Минесота со 25 поени со 10 од 16 шутеви. Џулиус Рендл постигна 24 поени, а Наз Рид заврши со 18 поени.

РЕЗУЛТАТИ: Детроит – Кливленд 96-116, Филаделфија – Орландо 136-124, Чикаго – Атланта 128-123, Хјустон – Бруклин 137-109, Њу Орлеанс – Бостон 90-122, Сан Антонио – Торонто 121-103, Далас – Оклахома 94-101, Јута – Феникс 138-134, Минесота – Денвер 114-127, Голден Стејт – Мемфис 131-118, ЛА Лејкерс – Портланд 108-122.

ПретходноОткако излезе од затвор: Дани Алвес стана проповедник! (ВИДЕО)
СледноЧаби ќе си има проблем со Вини: Бразилецот лут најавил дека на лето ќе си оди