Арсими повторно се врати од негатива овојпат против Работнички

78

Тимот на Арсими во рамките од единаесеттото коло од домашниот ПМФЛ шампионат, предмалку на домашен терен одигра 2:2 против екипата на Работнички.

Во одлични услови и добар терен, домаќинот уште еднаш, во само три дена успеа да се врати од сериозна негатива и да освои бодови кои што клубот од Чегране го ставаат во моментов на осмата позиција на табелата.

А се требаше да биде поинаку за тимот на Работнички на овој меч. По првото полувреме „Романтичарите“ успеаа да водат со 0:2. Погоди Демири, во 41. минута, а само минута подоцна, Дрљевиќ си постигна автогол.

Со вака висока предност гостите излегоа во вториот дел, но истата не им донесе полн плен. Башким Велија во 69. минута намали на 1:2, а во 84. минута Таипи израмни на 2:2.

Сите помислија дека гледаат „реприза“ од мечот изминатиот викенд кога Арсими во Кавадарци го направи невозможното и во само седум минути постигна три гола и го совлада Тиквеш. Сепак, домаќинот овојпат дојде само до реми кое секако дека воопшто не е лошо со оглед на ситуацијата во поголемиот дел од мечот.

 

ПретходноМакедонија ЃП и Башкими ги поделија бодовите
СледноДе Брујне успешно опериран во Белгија