Ашаданов одбра за ноемвриските квалификации

29

Женската кошаркарска репрезентација на чело со селекторот Александар Ашаданов во периодот од 12. до 18. ноември,  ќе одиграат три натпревари, против селекциите на Данска, Грција и Хрватска. Тоа се мечеви кои се дел од првиот квалификациски ФИБА „прозорец“ за Евробаскетот во 2027 година.

Собирот е закажан за 10. ноември со почеток во 19. часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

Во првиот дел од квалификациите од групата „Ф“, сениорките ќе одиграат три натпревари, два на домашен терен – против соодветните национални селекции на Данска и на Грција, и еден на гостински терен, против соодветната селекција на Хрватска.

Распоред на натпреварите

12.11.2025: Македонија – Данска

15.11.2025: Македонија – Грција

18.11.2025: Хрватска – Македонија

Список на повикани кошаркарки за ноемвриски ФИБА „прозорец“

1.Анџелика Митрашиновиќ (Фрибург-Швајцарија)

2.Илина Селцова (Серко Уни Ѓер-Унгарија)

3.Мерит Хемпе (Сарагоса-Шпанија)

4.Александра Стојановска (Неа Јониа-Грција)

5.Матеа Николиќ (Баскет Алкамо – Италија)

6.Тијана Митрева (Баскет Алкамо – Италија)

7. Милица Николиќ (Рас-Србија)

8. Ања Начевска (Мега-Србија)

9. Ивана Кметовска (Баскет Кам 2011)

10.Цветанка Димова (Баскет Кам 2011)

11.Михаела Алексовска (Крива Паланка)

12.Мартина Маркоска (Бадел 1862)

13.Ива Чолакоска (Бадел 1862)

14.Марија Николов (Бадел 1862)

15.Елена Тасевска (Вардар)

16.Јана Пислевска (Вардар)

Селектор: Александар Ашаданов

Натпревари во живо
ПретходноПМФЛ полувреме: „Блиц – крик“ на Работнички во Гостивар, шансите во Ѓорче Петров не се користат
СледноДисциплински комесар: Доживотна суспензија за двајца фудбалери на Беса Слупчане