По три дена откако го направи тоа што го направи на „Ел Класико“, откако беше изваден од игра од страна на тренерот Чаби Алонсо, напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус јавно се извини и тоа со порака на социјалните мрежи.
Само да потсетиме дека Бразилецот и тоа како бурно реагираше по измената:
“Денеска сакам да им се извинам на сите Мадридисти за мојата реакција при измената. Веќе разговарав со моите соиграчи и сакам да им се извинам ним, на клубот и на претседателот. Понекогаш страста ме озбзема затоа што секогаш сакам да победувам и да му помагам на мојот тим. Мојот натпреварувачки дух се раѓа од љубовта што ја имам кон овој клуб и се што тој претставува. Ветувам дека ќе продолжам да се борам секоја секунда за доброто на Реал Мадрид, како што тоа го правам од првиот ден“ напиша Винисиус.
Инаку конечно се откри што кажал Чаби Алонсо по тој потег на Вини.
„Ако не се врати и не седне на клупата во иднина ќе игра многу малку, тоа да му биде јасно“ ова и го кажал Алонсо на своите помошници.










