Кевин Де Брујне е опериран. Ова го објави неговиот тим Наполи, официјализирајќи ги информациите околу состојбата на еден од најдобирте фудбалери во светот, кој што се повреди изминатиот викенд.
На искусниот офанзивец му страдаше бутниот мускул, па беше потребна операција. Истата е извршена во неговата татковина, Белгија.
Сега е веќе официјално дека Де Брујне ќе отсуствува во терените четири месеци.
„ Како што беше планирано, Кевин Де Брујне денес беше опериран во Антверпен по сериозна повреда на бицепсот на десниот бут. Операцијата беше успешна. Де Брујн, на кого за време на операцијата му помагаше менаџерот на медицинскиот тим на клубот, д-р Рафаеле Канонико, ќе ја продолжи првата фаза од рехабилитацијата по операцијата во Белгија “, објави Наполи.
Nota medica | De Bruyne 👇https://t.co/v5yNedEUdm
— Official SSC Napoli (@sscnapoli) October 29, 2025










