Младата ѕвезда на Реал Мадрид, Ендрик, ќе ги напушти “Кралевите“ во текот на зимата, така барем велат информациите од Шпанија. Поминаа 163 дена откако Бразилецот одигра натпревар за Реал Мадрид и постои голема веројатност дека тоа нема да се промени наскоро. Чаби Алонсо не смета на Ендрик и клубот е отворен да го испрати на позајмица во јануари.
Иако Олимпик од Марсеј се поврзуваше со него, тој во моментов не е блиску до Велодромо но Франција сигурно е. Фабрицио Романо објави попладнево дека Олимпик Лион започнал преговори со претставниците на Бразилецот и Реал Мадрид во врска со позајмица до јуни 2026 година.
На Лион му е потребно засилување од ваков тип повеќе од потребното бидејќи најпродуктивниот напаѓач на тимот, Малик Фофана, е повреден и ќе мора да се оперира.










