Попладнево во Љубљана, во првиот меч од групата 8 во главната рунда во Лигата на Шампионите, футсал екипата на Форца беше убедливо совладана од Хит (Украина) со 2:10.
Да потсетиме дека нашиот првак до овој степен во ЛШ дојде откако беше прв во прелиминарниот турнир кој се одржа во Македонија.
Сепак ова сега во Љубљана е некое друго ниво, ривалите се многу поквалитетни и не треба да чуди ваквиот исход.
Футсал тимот на Форца колку и да се трудеше да остави подобар впечаток на паркетот во салата во Љубљана, сепак тимот од Украина беше далеку подобар.
Головите за нашиот шампион беа дело на Рамадани во 13.минута и Чиљафи во 39.минута.
Веќе утре (20 Ч), Форца се среќава со домашниот состав на Врхника, а во сабота (16 Ч) игра против Киев (Украина)










