Македонија У15 со триумф над Косово на развојниот турнир во Албанија

32

Македонската репрезентација до 15 година запиша победа против Косово на отворањето на развојниот турнир во Албанија. На турнирот учествуваат и селекциите на Албанија и Ерменија.

Селекцијата предводена од Горан Станковски со 1:0 славеше на денешниот натпревар. Фисник Амити во 52. минута го даде голот за Македонија. Победата, иако минимална е потполно заслужена. Нашата талентирана репрезентација имаше повеќе од играта и шансите, забележавме неколку добри удари кон противничкиот гол, но искористивме само една. По центаршут од корнер, реализираше Амити.

На 31. октомври ќе се соочиме со домашната, Албанија, а на 3. ноември ќе одиграме натпревар против Ерменија.

Селекторот Станковски натпреварот го започна во следниот состав: Марио Стојковски, Хамза Зубери, Ејман емини, Дин Рожајац, Калин Аврамовски, Фисник Амити, Васко трајков, Стефан Стојановски, Виган Таири, Доротеј Христов, Јован Јанчевски; Замени: Огнен Божиновски, Андреја Блажев, филип Богоевски, Ариан Исаку, диар Ајрулау, Амар Незири, Дијар Алиу, Борис Матески, Јован Даноски, Драган Петков, Павел Димоски;

ПретходноДисциплински комесар: Доживотна суспензија за двајца фудбалери на Беса Слупчане
СледноМакедонија ЃП и Башкими ги поделија бодовите