Мајсторија на Чалханоглу и магија на Сучиќ, Интер ја победи Фиорентина!

25
ФОТО: Inter/X

Добар меч одигра Интер вечерва на “Меаца“ во Милано во рамките на 9.коло во Серија А, и успеа да ја победи Фиорентина со 3:0.

Секако дека во преден план се головите на домашните. Прво Чалханоглу во 66.минута со мајсторски гол од далечина донесе водство, за да пет минути подоцна магија на Хрватот Петар Сучиќ. Просто си се поигра со одбраната на гостите и постигна спектакуларен гол за еуфорија кај Интеристите. Славниот Де Геа на голот на гостите немаше никакви шанси.

Во 88.минута Чалханоглу од пенал постигна уште еден гол за 3:0.

Со оваа победа сега Интер е на делба на 3.место со градскиот ривал Милан, и двата гиганти имаат -3 бода во однос на водечките на табелата Наполи и Рома.

ПретходноДонарума си кажа: Халанд е подобар од Мбапе!
СледноЛига Куп: „Енфилд“ предвреме се празнеше, Ливерпул одново се избламира, Арсенал, Сити… без проблеми