Од мемоарите на Червар: На едни подготовки сакав да го „убијам“ Стоилов…

234

„Спортско радио 90,3“ своето 20-годишно постоење во етерот одлучи да го прослави со спектакуларен натпревар по името „Легендите на сцена“. Вечерва (19 часот) во СЦ „Јане Сандански“ на теренот ќе истрчааат европски и македонски ѕвезди. На клпата на едниот тим ќе биде поранешниот македонски селектор и тренер на Металург, Лино Червар.

Тој вчера на официјалната прес-конференција го најави овој спектакл, а во негов стил коментираше дел од случувањата од минатото, инспириран од присуството на Стојанче Стоилов.

„Јас не сакам да губам, иако ова е ревијална средба. На едни подготовки Стоилов сакав дури и да го убијам, ама ми врати дека нема да можам. Тоа доволно зборува и за неговата, како и желбата на Миркуловски да победи. Се шегувам секако, утре сите ќе бидеме победници на утрешниот меч“, се пошегува Червар.

Обезбедете го вашето место – билети на ticketx.com.mk.

ПретходноМакедонија ЃП vs Башкими – дуел на два тима кои добро се познаваат!
СледноВо Арсими се „гладни“ за нови бодови, Работнички се надева дека ќе го „скрши мразот“