По малку сензационално, ако се знае какви резултати имаше Башкими, сепак Муарем Муарем од денеска не е веќе тренер на кумановскиот прволигаш.
Ова доаѓа по денешното реми кај Македонија ЃП со 1:1. Дали ова реми е причината или има нешто друго, тоа го знаат само во Башкими.
Кумановци преку социјалните мрежи потврдија официјално се разделуваат со Муарем.















