Наковски Волеј поразен од Острава!

20
ФОТО:Одбојкарска федерација на Македонија/FB

Првиот македонски претставник во #cevchallengecupcupw ОК Наковски волеј 3:0 (25:13, 25:9, 25:10) загуби од чешка Острава во првиот меч од квалификациите во ова европско клупско натпреварување.

Противникот се покажа како пресилен и поискусен состав за дебитантскиот тим на Наковски Волеј.

Репрезентативката Лиља Ковачевиќ беше најефикасна со 7 поени во редовите на струмичкиот тим, додека Мила Долдурова, Ивана Милева и Ива Стојковска реализираа по 4 поени.

Реваншот се игра на 5 ноември во салата „Парк“ во Струмица.

ПретходноНекогашниот прв стрелец во ПМФЛ го смени државјанството, сега ќе игра за Судан!
СледноФИБА Европа Куп: Пелистер со пораз на Кипар!