Некогашниот прв стрелец во ПМФЛ го смени државјанството, сега ќе игра за Судан!

178

Сандеј Адетунџи секако дека и тоа како ќе се памети како еден од најдобрите стрелци во последната деценија во ПМФЛ. Нигериецот, кој играше за Шкупи со кого ја освои титулата во таа 2021/22 сезона, а беше и најдобар стрелец во таа сезона, го промени државјанството и сега ќе игра за Судан и тоа на АКН.

Сандеј иако одигра меч за Нигерија, пријателска со Мексико во 2021 година, сепак тоа не беше пречка да добие дозвола да може да настапува за Судан.

Тој по заминувањето од Шкупи играше за Чукарички, сеуште се памети фантастичниот гол на своето деби за тој клуб и тоа против Ц. Звезда. Потоа играше и за Цеље, Балкани а сега е во тимот на Ал Хилал од Судан.

ПретходноСерафимов стрелец за Левски!
СледноНаковски Волеј поразен од Острава!