Одбојкарките на Јанта Волеј испишаа историја, ја минаа првата пречка во ЛШ!

37
ФОТО: Одбојкарска федерација на Македонија/FB

Одбојкарките на Јанта Волеј ја минаа првата пречка во #CLVolleyW со победата од 3:2 (26:24, 21:25, 19:25, 25:18, 15:13) над Гацко од БиХ и во реваншот на гостински терен, денеска во Требиње.

Ривалите одиграа сличен натпревар како пред една недела во Скопје, со многу пресврти, надмудрување и возбудувања, за на крајот одново во тај-брејк и на разлика да се одлучува победникот.

Мери Бошковска со 17 поени беше лидер на тимот, додека средните блокери Јасмин Ледесма и Татјана Јаневиќ имаа по 12 поени. Двоцифрена беше и Ана Старчевиќ со 11 поени.

Во третата рунда од квалификациите од Лигата на шампионите, Јанта Волеј ќе се соочи со француски Волеро ле Кане, со кој првиот меч го игра на 13 ноември на гостински терен.

ПретходноМуарем Муарем не е веќе тренер на Башкими! (ФОТО)
СледноРакометен спектакл во Скопје за паметење (ФОТО)