Партизан реди порази во Евролигата!

47
ФОТО: KK Partizan/FB

Кошаркарите на Партизан го забележаа четвртиот пораз во Евролигата од почетокот на сезоната, а втор по ред.
Вечерва во Софија, црно-белите беа поразени од Хапоел, кој беше официјален домаќин, со резултат од 97:84, па со оваа победа, Хапоел повторно се издвои на чело на табелата со учинок од 6-1, а Партизан остана во долниот дел од табелата со резултат од 3-4.

Секако дека загрижуваат резултатите на четата на Жељко Обрадовиќ. Вечерва “црно – белите“ имаа свои добри моменти, но далеку беше од тоа дека можат да слават ка силниот израелски состав.

Стерлинг Браун беше најефикасен кај Партизан со 19 поени, Вашингтон постигна 15, Тајрик Џонс 14 поени, 9 скока и четири асистенции, а новодојдениот Бруно Фернандо шест поени и три скока за 13 минути.
Кај Хапоел, Колин Малколм 17 поени, по четири скока и асистенции, Блејкни 13, Отуру 14 поени и шест скока, Вејнрајт 11, и Васа Мичиќ 10 поени, четири асистенции и два скока.

ПретходноРакометен спектакл во Скопје за паметење (ФОТО)
СледноСензација во Лига 1: ПСЖ само до бод кај Лориен!