Пелистер гостин во Кипар: Имаме доволно оружје во нападот за да ја продолжиме серијата добри резултати

47
Фото: КК Пелистер

Кошаркарите на Пелистер полни со самодоверба влегуваат на денешниот натпревар од третото коло од ФИБА Европа купот, во кое „зелено-белите“ ќе му гостуваат на кипарскиот претставник Керавнос.

„Пелистерци“ имаат една победа и едно реми во првите две рунди, додека Керавнос во првите две рунди претрпе два двоцифрени порази (дома од Цедевита јуниор со 82-105 и на гостувањето против Приевидза со 82-68.

„Она што е клучно за нашата игра е енергијата, веќе покажавме дека ако излеземе на терен во вистинско светло, се бориме со колективна игра и во нападот и во одбраната можеме да стигнеме до позитивен резултат против секој ривал. Играме брза кошарка, имаме доволно оружја во нападот за да ја продолжиме серијата добри резултати од последниот период. Керавнос е тим што воглавно зависи од индивидуалниот настап на клучните играчи, за разлика од колективниот пристап на нашите претходни европски ривали. Тие се повеќе фокусирани на нападот отколку на одбраната, но верувам дека имаме се што е потребно за да одиграме квалитетен меч и да стигнеме до победата“, изјави Кевин Брејси Дејвис, еден од американските кошаркари во таборот на Пелистер.

Мечот се игра со почеток во 18 часот.

ПретходноНик Калатес е новото засилување на Партизан
СледноОфицијално: Вардар и Силекс вo петок од 17:00 ч.