ПМФЛ полувреме: „Блиц – крик“ на Работнички во Гостивар, шансите во Ѓорче Петров не се користат

161

Денеска имаме продолжение на единаесеттото коло од домашниот ПМФЛ шампионат во кој се среќаваат екипите на Арсими и Работнички односно Македонија ЃП и Башкими.

Во Гостивар гостите во самиот финиш на полувремето, во 41. односно минута подоцна постигнаа два гола и имаат одлична предност од 0:2. Стрелци на головите се Демири, и Дрљевиќ си постигна автогол.

Во Ѓорче Петров пак ситуацијата е следна. Домаќинот промаши серија на зицер ситуации, во кои не успеаа да реализираат најпрво Софијановски, па потоа Христов, па Гереро, па повторно капитенот Христов, но ниту еден засега не успеа да го совлада одличниот Стојковски.

На спротивната страна Мемети упати удар, Јенков одби, на таа топка налета Симоновски, но и неговиот удар Јанков го осуети, за да на крајот биде поуспешен и од Аворнио.

Талаков, и уште еднаш Христов финишираа со пропуштени шанси за домаќинот.

ПретходноАрсенал сака доминација , со овие три потписи тоа е можно
СледноАшаданов одбра за ноемвриските квалификации