Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов, поладнево во меч од 1/16 финалето во Купот на Бугарија го постигна својот прв гол за Левски Софија. Познато е дека стоперот ова лето направи трансфер од Видеотон во еден од најголемите клубови во Бугарија.
На гостувањето кај Хебар, Македонецот уште во 2.минута ја затресе мрежата на домашните и тоа за него е прв гол во дресот на Левски Софија.
На крајот резултатот беше 0:3, сосема доволно за пласман на тимот на Серафимов во 1/8 финалето во Купот на Бугарија.










