Серијата од 49 мечеви заврши…. Педри е повреден

35
ФОТО: FC Barselona/FB

По одиграни педесетина мечеви во серија, веројатно најдобриот играч на Барселона, Педри е повреден.

Страдаше неговиот мускул во Ел Класико, на кој што патем Педри беше исклучен. Последните информации се дека тој ќе мора да паузира околу четири до пет недели, што значи дека тука би влегла и претстојната репрезентативна пауза.

Во Барселона се надеваат дека тој евентуално би можел да биде фит за настап дури на дуелот со Атлетик Билбао, кој е на програмата викендот на 22/23 ноември.

 

ПретходноДе Брујне успешно опериран во Белгија
СледноНавивачите во обид да го спасат Шефилд Венздеј