ФИБА Европа Куп: Пелистер со пораз на Кипар!

31
ФОТО: КК Пелистер Битола/FB

Вечерва во Никозија, во меч од 3.коло во групата Д во рамките на ФИБА Европа Купот, Пелистер беше поразен од домашниот состав Керавнос со 99:86.

И веднаш да кажеме дека на овој меч се случи нешто што ретко се случува. Имено Пелистер во првата четвртина прими дури 39 поени. Во нападот со 22 поени и не беше така лош, ама одбрната беше далеку од добра, да не кажеме катастрофална.

Се чини дека токму овој прв дел го реши мечот. Во продолжение од средната битолчани заиграа подобра одбрана, во вториот период примија само 19 поени а постигнаа 26 и се вратија во игра колку толку.

Во третата четвртина Кервавнос беше подобар со +2 разлика.

Штета, се чини дека Пелистер на ова гостување можеше подобро резултатски да мине, но сепак кога ќе се прими 39 поени во првиот период, после оди многу потешко без разлика како играш.

Бадијала речиси резултатскиот егал во продолжение од мечот, на крајот Пелистер беше убедливо поразен со 13 поени разлика.

Ова е втор пораз во третиот меч во групата и вториот на гости.

Кога сме кај поентерите да споменеме дека најефикасен во составот на македонскиот претставник вечерва беше Брејси – Дејвис со 33 поени, Митревски запиша 13 поени.

ПретходноНаковски Волеј поразен од Острава!
СледноТудор си замина и Јуве почна да победува, нови три бода за Рома и Комо!