Денеска се одиграа два меча од 11.коло во ПМФЛ. Утре на програмата се уште два, од кој еден се игра во Струга и тоа меѓу Шкупи и Струга ТЛ.
Имено познато е дека чаирчани се казнети и неколку мечеви нема да можат да играат на својот стадион, па затоа бараат алтернативни стадиони.
За дуелот со Струга ТЛ, на кои се домаќини, тие го одбраа Градскиот стадион во Струга, стадион на кој тимот на Струга ТЛ ги игра своите мечеви кога е домаќин.
Натпреварот почнува од 13:30 часот, а од 17 часот се игра мечот меѓу Пелистер и Тиквеш, секако под рефлектори.















