Ендрик на позајмица во Лион до јуни 2026?!

64
ФОТО:Screenshot

Младата ѕвезда на Реал Мадрид, Ендрик, ќе ги напушти “Кралевите“ во текот на зимата, така барем велат информациите од Шпанија. Поминаа 163 дена откако Бразилецот одигра натпревар за Реал Мадрид и постои голема веројатност дека тоа нема да се промени наскоро. Чаби Алонсо не смета на Ендрик и клубот е отворен да го испрати на позајмица во јануари.
Иако Олимпик од Марсеј се поврзуваше со него, тој во моментов не е блиску до Велодромо но Франција сигурно е. Фабрицио Романо објави попладнево дека Олимпик Лион започнал преговори со претставниците на Бразилецот и Реал Мадрид во врска со позајмица до јуни 2026 година.
На Лион му е потребно засилување од ваков тип повеќе од потребното бидејќи најпродуктивниот напаѓач на тимот, Малик Фофана, е повреден и ќе мора да се оперира.

ПретходноСензација во Лига 1: ПСЖ само до бод кај Лориен!
СледноДонарума си кажа: Халанд е подобар од Мбапе!