Македонија ЃП vs Башкими – дуел на два тима кои добро се познаваат!

89

Единаесеттото коло од ПМФЛ шампионатот веќе стартуваше, а како дел од него денеска е и дуелот помеѓу Македонија ЃП и Башкими кој што се игра на стадионот во Ѓорче Петров со почеток од 13:30 часот.

Домаќинот во овој дуел влегува по ремито во скопската пресметка против Работнички и со тринаесет освоени бодови. Скор кој што можеше да биде и подобар но и полош. „Лавовите“ денеска пред себе имаат тим кој што сезонава и тоа како покажа дека може добро да одигра. На свој но и на гостински терен.

„Башкими е квалитетен противник. Но ние одиме чекор по чекор што се вели. Не се оптоваруваме премногу со противникот, многу повеќе сме фокусирани на она што ние ќе го одиграме. МЃП е екипа која што не го менува премногу стилот на кој што ги игра натпреварите. Ние изгледаме исто против било кој противник. Сакаме да играме, да имаме посед, што од нас и е бара од тренерот Грнчаров. Имаме наш концепт на игра и знаеме што се бара од нас. Победата секако дека е единствена опција, како и на секој меч. Македонија ЃП, во оваа полусезона покажа дека може со секого, и дека не се плаши од никого. Грешките во играта ги поправаме во од и се обидуваме да ги сведеме на минимум. Имаме добар тим, квалитетни играчи и убеден сум дека со позитивна серија на мечеви без пораз, и доволно освоени бодови дека местото на табелата ќе ни биде уште повисоко“, изјави Христијан Пецов.

Башкими сака да ја продолжи со низата позитивни резултати, овој тим има 18 бода и се наоѓа на петтото место на табелата.

„Се враќаме на терен по трите бода против Шкупи, а екипата е супер мотивирана за следната победа. Минатата година со екипата на Македонија Ѓорче Петров  до крај се боревме за висок пласман во Втората лига, така што многу добро ги знаеме. Сигурен дека Башкими нема да се врати со празни раце од овој натпревар. Имаме мотив и многу позитивна енергија да ги израдуваме нашите навивачи“, изјави, меѓу другото, Мухарем Мислими.

ПретходноБарселона во декември ќе одигра натпревар вреден 8 милиони!
СледноОд мемоарите на Червар: На едни подготовки сакав да го „убијам“ Стоилов…