Вистински спектакл во СЦ “Јане Сандански”. Спортско радио 90.3 со меч меѓу европски македонски ѕвезди ја прослави 20 годишнината од своето постоење. “
Легендите на сцена”, името на настанот беше соодветно за она што го видовме на теренот. Имињс како Лазаров, Пепи Манасков, Стоило, Диви, Царчев, Миркуловски, Диви, Штетбик, Карачиќ, Вугринец, Џамбо Милиќ, Кањелас, Хорват…
Македонската ракометна публика се врати години наназад кога станува збор за нашиот национален тим. Оние што ги градеа темелите вечерва се најдоа во составот на Македонија.
На другата страна пак видовме имиња кои беа дел од златните вардарови денови во Лигата на шампиони, како и ракометари кои имале свој престој во македонски тимови или пак за првпат доаѓаат во име на големиот јубилеј. Натпреварот заврши без победник.




















