Страшен е овој Баерн, сега има „14 од 14“!

81
ФОТО: FC Bayern München/FB

Уф, овој Баерн Минхен е страшен. Келн вечерва на свој терен во рамките на 1/16 финалето во Купот на Германија поведе со голот на Аке во 31минута, и тоа само ги разгневи “Баварците“.

Следуваше страшна казна, четири голови и тоа два на Кејн, еден на Диас и еден на Олисе за победа на тимот на Компани од 1:4 и за пласман во следната фаза во ова натпреварување.

Што е поважно, Баерн Минхен сега има “14 од 14“ од стартот на оваа сезона.

Неверојатно, ова е најдобар старт на еден тим во ТОП 5 лигите во Европа.

Никој како Баерн кој стан вистинска фудбалска машина.

ПретходноЛига Куп: „Енфилд“ предвреме се празнеше, Ливерпул одново се избламира, Арсенал, Сити… без проблеми
СледноЈокиќ повторно постави рекорд, Индијана не знае за победа и четврти меч во низа (ВИДЕО)