Слот за изборот на играчите: И со првиот тим не го победивме Палас!

84
фото: AB (X)

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот го објасни својот избор на синоќешниот натпревар против Кристал Палас. Во кој „црвените“ беа поразени со 0:3 на домашен терен во 1/8-финалето од англискиот Лига Куп.

Слот направи 10 измени во почетниот состав на тимот во споредба со претходниот натпревар против Брентфорд (2:3).

„Моментално, имаме само 15 играчи во нашиот состав. Исто така, клубот отсекогаш го користел овој турнир за да ги вклучи играчите од академијата. Сметам дека тоа беше правилна одлука. По натпреварот не го променив моето мислење, бидејќи со нашите играчи во почетната постава, не победивме против Кристал Палас ни во лигата“, потенцирал Слот.

Претходно“Новак е најдобриот во историјата, за тоа нема дискусија“!
СледноРеал (М) и Суперлигата ја тужат УЕФА и бараат отштета од 4,5 милијарди евра