Црвена Звезда не застанува – преку Макаби до шеста победа во низа!

41

Црвена Звезда продолжи во победнички ритам под водство на Саша Обрадовиќ. Српскиот тим како гостин во Белград на Макаби славеше со 99-92. За „црвено-белите“ ова беше шести триумф во Евролигата, има и дваа порази.

Гледавме две различни полувремиња, Звезда блескаше во првото, престана да напаѓа во второто, но имаше сила за да стигне до шестата последователна победа во сезоната во Евролигата.

Макаби поведе со серија поени на почетокот на четвртата четвртина, а Звезда успеа да го израмни резултатот. На седум минути до крајот на натпреварот, резултатот беше 78:78. Сепак српскиот тим успеа да се врати целосно и да дојде до победа, а главен лидер беше Коди Милер Мекинтајр со 23 поени, четири скока и 12 асистенции. По него следуваше Монеке со 16 поени, осум скока и две асистенции.

Претходно Жалгирис запиша убедлива победа против Лион на домашен терен од 96-59.

ПретходноНема крај на маките на Ливерпул: Фримпонг паузира неколку недели
СледноНБА ветеранот дебитираше во Евролига