Дончиќ ја санира повредата, се враќа за меч или два

20
фото: OptaSTATS (X)

Лука Дончиќ е многу блиску до враќање на терен. Синоќа беше објавен временскиот рок за враќање на ѕвездата на ЛА Лејкерс на теренот.

Главниот тренер на Лејкерси, Џеј Џеј Редик, изрази надеж дека одбројувањето е само прашање на денови.

„Очекувам тоа да се случи во еден од следните неколку натпревари“, рече Редик.

На 26 октомври беше објавено дека ѕвездата на Лејкерси ќе отсуствува најмалку една недела. Словенецот претрпе повреда на прстот на левата рака и модринка на левата потколеница.

ПретходноРеал (М) веќе знае кој ќе биде замената за Винисиус ако Бразилецот замине
СледноЈован Манев заработи сериозна повреда, се чекаат прегледите