Денеска членот на управниот одбор на Фудбалската Федерација на Македонија, и легенда на македонскиот фудбал, Агим Ибраими беше во посета на своето родно Тетово, каде што заедно со градоначалникот Биљал Касами изврши увид во работата на реконструкцијата на Градскиот стадион.
Како што е познато, најголемиот фудбалски објект во Тетово, во моментов е во сериозна реконструкција, по која што тој ќе биде еден од најубавите во Македонија, но и во целиот регион.
Самиот градоначалник Касами, изрази големо задоволство од фактот што има чест и задоволство заедно со Агим Ибраими да ги изврши овие тековни активности и да сподели со јавноста до каде е реновирањето на стадионот.
Ибраими пак секако, како човек кој што својата фудбалска кариера ја започна токму на овој стадион има одговорност и задача пред Тетово, а и пред целата држава да биде сериозно инволвиран во овој процес.
Конечно, самата Федерација учевствува во реновирањето на стадионот во Тетово, со донација на столчињата, покривот и ВИП ложата.

















