Македонските ракометари ја победија Јапонија на првиот тест

178

Македонската ракометна репрезентација го одигра првиот од двата пријателски натпревари против Јапонија во рамките на ЕХФ неделата. Избраниците на Кирил Лазааров славеа со 29-27. Овој натпревар се одигра во салата во Автокоманда, по договор на двајцата тренер беше од затворен карактер.

Вториот меч се игра во сабоата (16 часот) во салата во Куманово и истиот ќе биде отворен за јавноста.

Со оваа ЕХФ недела, селекторот Лазаров ги започна подготовките за Европското првенство 2026 година на кое Македонија ќе игра против Данска, Португалија и Романија во Хернинг.

ПретходноЈувентус му посака добредојде на Спалети
СледноРеал Мадрид бара астрономска отштета за Суперлигата