“Новак е најдобриот во историјата, за тоа нема дискусија“!

48
ФОТО: Rolex Shanghai Masters/FB

Ретко кој смета дека Новак Ѓоковиќ не е најдобриот во историјата на тенисот. Јасно е дека има и такви, но кога ќе се погледнат бројките зад Србинот, тука нема дилема.

Тоа го вели и хрватскиот тенисер Иван Додиг, и за него Ѓоковиќ е најголемиот и најдобриот на сите времиња:
„Несомнено Ѓоковиќ, бидејќи ако ги погледнеме статистиките – никој не направил толку многу колку што направи тој. Не можете ни да зборувате за тоа. Секогаш ги гледавме Грендслем турнирите, а тој го освои олимпиското злато. Тоа беше единствено нешто што му недостигаше – дека немаше олимписки златен медал, а сега и тоа го има“, вели Додиг и додаде:
„Според мене, повеќе нема дилема. Кога утре, кога сите ќе ги завршат своите кариери или низ историјата, ќе се зборува за тоа – ќе велат: Ѓоковиќ освои 24 Гренд слем турнири, освои сè што можеше да се освои“.

ПретходноЈокиќ повторно постави рекорд, Индијана не знае за победа и четврти меч во низа (ВИДЕО)
СледноСлот за изборот на играчите: И со првиот тим не го победивме Палас!