Иако далеку потешко од очекувањата, тимот на Струга Трим Лум сепак, успеа на крајот да се справи со ситуацијата и да обезбеди три бода против последно пласираниот тим на табелата во ПМФЛ шампионатот, тимот на Шкупи победувајќи го со 2:1.
Во рамките од единаесеттото коло од домашното првенство, Шкупи поради суспензијата на стадионот на Чаир својот домашен меч против Трим Лум го играше токму во Струга.
По серијата на шанси кои што ги создаде Струга, Компаоре конечно погоди во 24.минута.
Се беше во ред за стружани се до 54. минута кога Диако направи пенал, и беше исклучен, а реализатор на најстрогата казна беше Сухељ Мухарем.
Сепак, нештата повторно на место ги врати кој друг ако не Компаоре, кој што по вториот оправдано досуден пенал на овој меч овојпат на спротивната страна и донесе на Струга ТЛ ново водство.
Овојпат, тоа беше и пресудно за освојување на трите бода, кои што сега Струга повторно ја ставаат на лидерското место, на кое што е минимум до утре кога Вардар го игра својот дуел против Силекс.















