Јаневиќ: Испишавме историја, сега не чека француска бајка со Волеро

28
фото: CEV.eu

Одбојкарките на македонскиот првак Јанта Волеј направија историски пласман во второ коло од квалификациите во Лигата на шампионите на ЦЕВ, откако синоќа и на вториот меч со ЖОК Гацко во БиХ оствари победа (2:3). Успехот по двојниот триумф над босанскиот шампион ќе остане забележан во нашата женска клупска одбојка.

„Од клуб кој постои две децении, сега можеме да се пофалиме и со историските победи во двомечот во квалификациите во одбојкарската Лига на шампиони против босански ЖОК Гацко и пласман во трета рунда од најсилното натпреварување. Ова е остварување на сонот, но посакуваме со ова да оставиме голем печат во македонската одбојка и да поставиме основи за понатамошен развој и патоказ како треба, но исто така и да покажеме дека ништо не е невозможно. Следното коло не очекува француска бајка со екипата од Кан каде што сме свесни за разликата во квалитет, но ние секогаш се забавуваме играјки одбојка и ни преставува предизвик да покажеме колку знаеме, против секого“, изјави тренерот на макеоднскиот шампион, Никола Јаневиќ.

Јанта Волеј во следното, 3. коло од квалификациите за пласман во групната фаза се среќава со еден исклучително квалитетен противник, француски Волеро. Составот од Кан ќе биде домаќин на првиот меч на 13 ноември.

ПретходноМојсов го презема Башкими
СледноНов доказен материјал во дисциплинската постапка против ФК Беса Слупчане